Викендов во Велес се одржа традционалната Питијада, а на стартот од истата беше поставен нов рекорд. Велешани и гостите имаа можност да јадат од џиновска пита, долга 4,3 метри.
Истата ја направија Зоранчо Илиевски, Ангел Костов, Виктор Василевски, Лазе Коцевски, Благојче Николов, Горан Костадинов, Кристина Маневска и Александар Јамалов и подмладокот Калина и Георгиј од фурната Гемиџии.
За да се направи истата биле употребени 16 килограми брашно, 26,5 килограми тесто, 42 килограми месо и 350 јајца.
Во соработка со Црвен крст Велес собраните средства од продажба на питата ќе се употребат за хуманитарни цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Северина со знамето од Кутлеш на велешка Питијада
Калиопи, Северина, Бајага и Инструктори: Кој се ќе настапи на Питијадата во Велес
Фото: Општина Велес