Нови членови на менаџментот на Гранит купија акции на компанијата

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нови членови на Управниот и Надзорниот одбор се стекнаале со акции на компанијата.

Андреа Серафимовски, член на Управниот одбор (УО) се стекнал со 630 обични акции.

Катерина Ѓердовска, член на УО се стекнала со 320 обични акции.

Виолета Божиноска, член на Надзорниот одбор (НО) се стекнала со 1.000 обични акции.

Претходно акции купија и Страшо Милковски, претседателот на УО, Зоран Милковски, член на УО и Ивана Милковска – Симева, претседателката на НО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Членови на менаџментот на Гранит купија акции на компанијата

Која е Bard-kop, која продолжува да купува акции на Гранит

Гранит со намалена добивка во третиот квартал

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести