Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека и покрај обилните врнежи, нема излевање на реките во критичните региони.
„Согласно добиените информации од регионалните центри, состојбата низ државата е стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд,“ велат од таму.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува стабилизирање на времето и намалување на облачноста.
Од понеделник ќе има затоплување со натпросечни температрури за овој период од годината.
Фото: Unsplash














