Обилните врнежи од дожд изминативе 24 часа низ земјава предизвикаа одрони, поплави и свлечишта.
Според последните информациит од Центарот за управување со кризи (ЦУК) има одрони на пат Гостивар-Стража, но сообраќајот се одвива редовно, а поради одроните на патот Тетово-Бањиче, сообраќајот е отежнат.
Поради излевањето на неколку реки, поплавени се земјоделски парцели неколку дворови, а намалено е производство на ХЕЦ Маврово.
Во Охрид има поплавени подруми, гаражи и дворови.
Во Кичево се поплавени станбени објекти на улицата Прилепска и биле евакуирани 60 лица во спортската сала “Христо Узунов“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуирани граѓани во Кичево поради поплави, слична состојбата и во Охрид
Фото: Unsplash













