Во фокусот на јавноста и на социјалните мрежи е убиството на 31-годишната Росица Коцева од Велес и нејзинот татко, Киро Коцев (74).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие беа убиени од нејзиниот поранешен партнер, 39-годишниот Илија Стефановски од Скопје, чии фотографии се споделуваат на социјалните мрежи, со информации дека важел за урбан лик од скопско Дебар маало.
По убиството тој се самоуби.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Велес, Коцева повеќепати го пријавувала Стефановски во полиција за различни дела, а против него биле покренати постапки и од страна на Обвинителството, што дополнително ги зголеми реакциите во јавноста и на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавени фотографии од убиената жена од Велес и нејзиниот татко
Фото: Унсплеш/Фејсбук