Кој се е обвинет за трагедијата во Кочани, судењето почнува следната недела

Во судницата на Казнено-поправната установа Идризово на 19. ноември започнува судењето за пожарот во т.н. дискотека во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица.

За судењето ќе бидат применети посебни безбедносни мерки, а ќе присуствува и лекарска екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За судењето за трагедијата во Кочани ќе има две рочишта неделно, започнува на 19. ноември

За процесот да се забрза се предвидени две рочишта неделно, а предметот ќе го застапуваат 15 обвинители.

За трагедијата се обвинети 35 физички и три правни лица.

Сите се изјаснија за невини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани

Кој е обвинет?

Обвинети се газдата на „Пулс“, Дејан Јованов Деко, неговиот син Михајло, како и неговиот брат Тодор.

Обвинет е и Митко Стојанов, директорот на фирмата ММММ кафе, на чие име била една од лиценците на т.н. дискотеката.

Меѓу обвинетите е и сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, како и Милка Едровска од „Венци проект“, која го изготвила проектот за т.н. дискотека.

На обвинителна клупа ќе седнат и двајца поранешни министри за економија, Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини.

Обвинета е и поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, како и петмина службеници кои издале лиценци за „Пулс“.

Ќе им се суди и на тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани, Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов, како и на тројца инспектори од Општината.

Меѓу обвинетите се и поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, Аднан Џаферовски, Беким Максути и Џеват Селами и еден инспектор од ДЗС.

Обвинети се и четворица службеници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Ќе му се суди и на директорот на агенцијата за обезбедување Рубикон, Јане Јанчевски и четворица вработени таму.

Пред извесно време беше поднесено и обвинение и за вистинскиот сопственик на Рубикон, Александар Нацев, кое моментално не е одобрено.

Во Основното јавно обвинителство се води предистрага и за други лица вработени во ДПИ, Управата за јавни приходи и други институции, а Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пак води истрага за 13 полициски службеници, за кое обвинение треба да биде поднесено следниот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Суспендирани испектори на УЈП опфатени со предистрагата за пожарот во Кочани

Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести