Шест месеци по трагедијата во Кочани, во која во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 62 лица, а 203 беа повредени од Основниот кривичен суд Скопје најавуваат дека до крајот на неделата ќе го отценат обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство Кочани.
Во предмет се обвинети 37 правни и физички лица застапувани од 33 бранители и претставници на правните лица.
-Од приемот на обвинителниот акт, Судот ги има ангажирано сите расположливи ресурси за достава на актот до странките, прием на сите приговори и нивно процесирање до јавниот обвинител.
За жал, во текот на изминатите неколку месеци, доставата кај дел од адвокатите и претставниците на правните лица не можеше да се реализира навреме, односно и покрај најавите од Судот дека актот ќе им биде доставен директно во нивните канцеларии заради поголема ефикасност во постапувањето, истите беа отсутни. Заради тоа доставата, а со тоа и роковите за приговор, непотребно се одолговлекуваа.
Со оглед да во овој момент, сите обвинети и нивни бранители го имаат примено обвинителниот акт, и на 03.10.2025 година истекуваат сите законски рокови за прием и достава на приговор, со што се исполнуваат сите услови за оцена, па се очекува актот до крајот на неделата да биде оценет, за што јавноста и странките ќе бидат навремено известени, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен објаснува зошто се уште не е одобрено обвинението за трагедијата во Кочани
Во пожарот во Кочани загинаа и осум членови на ДНК: Шест месеци од трагедијата
Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани