Наодите на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека во периодот од 2019 до 2024 година незаконски биле прислушувани поранешен лидер на опозиција, обвинител, новинари и поранешен министер ги проверува Основното јавно обвинителство за гонење корупција и криминал, информираа од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претходно од АНБ веќе информираа дека уште пред еден месец за овие наводи го известило Обвинителството.
Од Обвинителството велат и дека по насока на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски од претходно ги проверувале наводите за следењето на премиерот Христијан Мицкоски, кој за тоа првпат ја информираше јавноста кон крајот на минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ