По објавувањето на извештајот на Државна ревизија за работењето во Општина Охрид, Основното јавно обвинителство Охрид отвори предистрага и оформи предмет, информираа од Основното јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештајот на Ревизија откри бројни неправилности во работењето на Општината во 2024 година.
Меѓу друго во истиот е констатирано дека има 4.847 дивоградби, меѓу кои и згради и хотели во градот и околината, како и на Галичица, отпишување на долгови без знаење на Советот на Општината, јавни набавки без тендери, поставување урбана опрема без дозволи и платени комунални такси…
Градоначалник на Општината во посочениот период е Кирил Пецаков, од ВМРО-ДПМНЕ, кој на последните локални избори беше реизбран.
Од Општината пак по објавувањето на извештајот информираа дека ќе постапле по препораките од Ревизија и дека веднаш преземале активности за постапување по истите.
Фото: Игор Бансколиев













