Јавното обвинителство отвори истрага за транспортот на мозоци од починати лица од Македонија во САД, откако јавноста дозна за тоа по објавените документи за педофилот Џефри Епстин, кои ги објави американското Министерство за правда, информираа од таму.
-Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое треба да преземе дејствија на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, во насока на утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мозоци од Македонија се испраќале во САД за научни цели, потврди за 360 степени, Алексеј Дума
Фото: Унсплеш














