Од 17. март се воведува нова авио линија од Охрид до Братислава, Словачка.
Информацијата ја соопштија од Амбасадата на Словачка во земјава.
Од таму меѓу друго посочуваат дека оваа директната авио-линија ќе отвори нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата, а на посетителите од Словачка да ги откријат убавините на Охрид и неговото уникатно езеро, кое е едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.
Фото: ТАВ Македонија














