Цената на нафтата продолжува да паѓа

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат по драстичниот раст предизвикан од кризата на Блискиот Исток.

Цената првично почна да паѓа по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран е “практично завршена“, а дополнително падна поради извештаите на Меѓународната агенција за енергетика кои предлагаат најголемо ослободување на резерви на нафта во нејзината историја, поради потенцијални прекини во снабдувањето од конфликтот.

Цената на “брент“ падна на 83,1 долари за барел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Глобалниот нафтен шок најверојатно ќе предизвика умерена инфлација врз македонската економија, велат од Finance Think

Цената на нафтата драстично падна додека во Македонија се правеа колони на бензинските пумпи

Регулаторната комисија за енергетика придонесе за драстичниот раст на цените на бензините и дизелот, додека цената на нафтата растеше, таа го измени Правилникот

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести