Наместо одлука за судбината на финалниот натпревар од ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК, кој не се одигра во Скопје, оти управата на грчкиот тим не им дозволи на своите играчи да излезат на терен, од Европската ракометна федерација (ЕХФ) информираа дека покренуваат постапка за двата клуба.
„Информациите што ЕХФ ги достави до судските тела, меѓу другото се однесуваат на дистрибуцијата на билети на гостинските навивачи од страна на РК Алкалоид во пресрет на натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да влезе на теренот за почетокот на натпреварот“, се вели во соопштението.
Од Алкалоид и АЕК е побарано да ги достават своите изјави, за да бидат разгледани од правните тела на ЕХФ, а „понатамошна комуникација ќе биде обезбедена само откако ќе се донесе правна одлука“.
На првиот меч во Атина, Грција, Алкалоид победи со 29:25 и беше на чекор до европската титула.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчки АЕК истата “финта“ ја направи и со српски Партизан
РФМ очекува праведна одлука од ЕХФ, максимално го подржува Алкалоид
Мукаетов: РК Алкалоид ги исполни сите барања, се надевам на правилна одлука на ЕХФ
Фото: РК Алкалоид