Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева минатата недела беше условно пуштена од затворот Идризово, каде заврши откако во 2021 година беше осудена за случајот “Рекет“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катица Јанева излезе од затвор
Од Основниот кривичен суд Скопје денеска соопштија зошто е условно пуштена од затвор.
-На 12.12.2024 година Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на осудената К.Ј., правосилно осудена со предметот КОК 116/19, донел решение со кое се прифаќа предлогот и на осудената и се дозволува условен отпуст од издржување на затворската казна, кој започнува од 21.12.2025 година, а трае до 21.08.2026 година.
Односно од 7 годишната затворска казна, која ја издржува осудената, дозволен е условен отпуст од 8 месеци, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка, која излезе од затвор













