Од утре до сабота повторно дожд, пообилни врнежи во среда и четврток

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека утре во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег.

Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести