Во целосот е одобрено обвинението за поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, поранешниот организациски директор на Клиниката, Нехат Нухи, како и за неколку онколози за случајот во јавноста познат како „Онкологија„, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одобрено обвинението за Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“
Васев е обвинет во два предмети за овој случај. Во првиот за злоупотреба на функцијата и загрозување на здравјето на пациенти, а во вториот заедно со Нухи се обвинети за проневера и измама.
Двајца онколози од Одделот за бели дробови, пак се обвинети за давање терапија без медицинска основа.
-Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен на 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува.
По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен ан понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот, велат од Судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил поранешниот директор Нехат Нухи, кој доби куќен притвор за „Онкологија“
Каков имот пријавил поранешниот директор Нино Васев, кој е обвинет за случајот „Онкологија“
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи