Во експлозија на бомба која се случила на 1. октомври во центарот на Белград, Србија, загинал 21-годишниот македонски државјанин Мартин Сипковски, јавија српските медиуми.
Сипковски е поранешен ракометар на Вардар, а потоа станал модел.
Тој загинал откако нестручно сакал да ја активира бомбата. Истата ја добил од српскиот државјанин Филип В. (26).
Според српските медиуми, Сипковски немал криминално досие и засега е непознато како завршил во мафијашките кругови.
Сипковски е првиот Македонец кој потпишал договор со престижната модна агенција „Даман“ од Истанбул, а бил студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe. Поради повреда на вратот, Мартин се откажал од својата најголема љубов – ракометот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Инстаграм/Сипковски