Кој е Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје

Кадарот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Град Скопје.

Тој вчера во вториот круг од локалните избори го победи кандидатот на опозициската Левица, Амар Мециновиќ, освојувајќи 57,03% од гласовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Скопје

Мециновиќ пак освои 36,69% од гласовите.

Ѓорѓиевски доаѓа на новата функција како градоначалник на скопската Општина Кисела Вода.

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

Кој е Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски е роден на 5. август 1987 година.

Дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, на Одделот за политички студии.

Магистрирал во областа на менаџмент на човечки ресурски.

Активно зборува англиски јазик.

Политичка кариера и работно искуство

Освен политичко, има и работно искуство во приватниот сектор.

Член на партијата е од 2005 година, а својата партиска кариера ја започнал како претседател на Местен комитет (МК) на Унијата на на млади сили (УМС). Подоцна станал член на Општинскиот комитет (ОК) на УМС Кисела Вода, од каде што во 2008 година станала претседател на УМС ОК Кисела Вода и член на Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот 2013-2016 година бил член на Извршниот комитет (ИК) на УМС ВМРО-ДПМНЕ, во 2015 година бил назначен и за потпретседател на УМС, а во 2016 година станал претседател на ОК Кисела Вода.

Во 2018 година станал член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори во 2017 година беше избран за член на Советот на Општина Кисела Вода.

На следните локални избори, во октомври 2021 година, стана градоначалник на Општина Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дејан Проданоски, новиот градоначалник на Прилеп

Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица

Која е Бети Стаменкоска Трајкоска, новата градоначалничка на Кисела Вода

Фото: Фејсбук/Ѓорѓиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести