Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, познати имињата за уште неколку општини

Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ќе биде кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, одлучи Извршниот комитет на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Познати се имињата на кандидатите на партијата и за неколку други општини.

Кандидат за Гази Баба ќе биде актуелниот градоначалник на оваа Општина, Бобан Стефковски, за Карпош ќе биде Сотир Лукроски, кој доаѓа од приватниот сектор, за Лозово актуелниот градоначалник Бошко Петкоски, за Пехчево актуелниот градоначалник Александар Китански, за Ресен актуелниот градоначалник Јован Тозиевски и за Зрновци актуелниот градоначалник Борчо Коцев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати уште осум кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници, еве кои се

Познати 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, еве кои се

Кои се старо-новите имиња за кандидати за градоначалници на СДСМ во 19 општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести