Освен во ОУ „Димо Хаџи Димов“, во ниту едно основно училиште на територијата на општина Карпош не се пронајдени патогени бактерии во храната или на работните површини, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со стручни тимови од Институтот спроведе вонредна хигиенска контрола во девет училишта. Од секое училиште биле земени мостри од подготвена храна и брисеви од работните површини во кујните.
Според лабораториските анализи, кај испитаните примероци не е утврдено присуство на патогени бактерии, со исклучок на едно училиште каде на две површини биле откриени ентеробактерии – показател за недоволна хигиена при одржување на просторот.
Резултатите од испитувањата во ОУ „Димо Хаџи Димов“, каде претходно беа откриени бактерии, веќе се доставени до надлежните институции за понатамошно постапување,“ се вели во соопштението.
Фото/Unsplash














