Отворен е број на Т-Мобиле за донации за операција на петгодишниот Љубен

Отворен е број на Т-Мобиле (143 114) за лекување на петгодишниот Љубен Тодороски од Охрид, кој од најрана возраст се бори со страбизам. Во моментов тој се наоѓа во болница, и чека за операција која треба да се направи во понеделник, и чини 2.000 евра.

„Јас сум самохрана мајка на четири малолетни деца и работам за минимална плата. Со таткото на Љубен сме разведени. Тој во моментот е со него во болницата во Скопје, живее под кирија и работи за една плата. Со тие приходи едвај ги покриваме основните трошоци за живот.

Љубен има и сестричка која секој ден прашува кога братчето ќе се врати дома. Како мајка ми е многу тешко да барам помош, но немам друг избор. Сакам моето дете да ја добие оваа операција и шанса за нормален живот.

Затоа ги молам сите хумани луѓе кои се во можност да помогнат. Секоја донација и секое споделување може да ни помогне да ја собереме потребната сума навреме.Ве молам помогнете му на малиот Љубен да ја добие операцијата која му е неопходна. Од срце благодарам на сите што ќе помогнат,“ вели неговата мајка Марија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можеме да собереме 2.000 евра за операција на петгодишниот Љубен кој има страбизам

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести