Сведок на судењето за „Пулс“ од ДЗС објаснуваше кои документи се обврска за секој субјект што врши изградба, доградба, пренамена и реконструкција на објект

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ сведочеше и раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Маја Тимовска, како сведок на Основното јавно обвинителство.

Таа меѓу друго објаснуваше кои документи се обврска за секој субјект што врши изградба, доградба, пренамена и реконструкција на објект (каков што е случајот со „Пулс), кои треба да ги испрати до ДЗС.

Според нејзе, станува збор за елаборат за заштита и спасување, правилник за заштита од пожари, процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, како и план за заштита и спасување.

Истите, како што кажа, субјектите треба да ги испратат до подрачното одделение на ДЗС, но и до Дирекцијата на ДЗС во Скопје.

Како што објасни, позитивно мислење, се дава само за објект кој ги има сите овие документи.

Прашана дали вакви документи биле поднесени и за „Пулс“, таа рече дека не и е познато, бидејќи документите се доставувале преку Општината до подрачното одделение во местото каде што се наоѓа објектот, но не и до Дирекцијата во Скопје.

На прашањето дали во годишниот план и програма на ДЗС се предвидуваат инспекциски надзори во подрачје каде што нема инспектор за заштита и спасување, (како што е случајот со Општина Кочани), таа рече дека во годишната програма и извештајот не се наведува детално, туку само генерално се предлага да се организираат и спроведуваат надзори, но не и регионот и таму каде што има или нема инспектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пиротехниката била безбедносен ризик, кажа сведок на рочиштето за „Пулс“

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести