Поради вдишување на јаглероден моноксид, кај повредените во пожарот во Кочани постои потенцијален ризик од нарушување на оралното здравје, информираат од ПЗУ „Св.Козма и Дамјан“-Виница.
„Овој тип на интоксикација може да доведе до оштетување на пародонциумот, ткивата кои ги држат забите стабилни во коската-што во одредени случаи може да резултира со разлабавување (луксирање) и губење на забите, дури и без присуство на кариозни лезии.
На дел од потешко повредените пациенти кои се лекувале во странски медицински центри веќе им е укажано на овој можен ризик, но потребата од следење и превентивна грижа постои кај сите повредени.
Од тие причини ПЗУ „Св.Козма и Дамјан“-Виница во соработка со Support Kocani стои на располагање за бесплатни стоматолошки прегледи, консултации и третмани на пародонциумот, со цел навремена превенција и заштита од можни оштетувања на забите и потпорните ткива.
Сите повредени слободно можат да се јават и да го закажат својот бесплатен преглед и понатамошен третман на 075 762 113 или 033 363 363 секој работен ден од 08 до 20ч,“ се вели во објавата на Support Kocani.
Фото: Унсплеш














