Пиротехниката била безбедносен ризик, кажа сведок на рочиштето за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Македонија за приватно обезбедување, како стручен сведок на Основното јавно обвинителство.

Таа во своето сведочење се осврна на тоа дека обезбедувањето на т.н. дискотека требало да реагира на присуството на малолетници, чие присуство беше потврдено и кобната ноќ, во бројни претходни сведочења, но и во многу други случаеви претходно.

Таа рече, дека обезбедувањето требало за нивното присуство да го извести и сопственикот.

Објаснуваше и дека има разлика помеѓу физичко и техничко обезбедување, дека агенцијата за обезбедување и фирмата што го ангажира мора да имаат писмен договор, а доколку го нема, тој е ништовен, како и дека при физичко обезбедување на одредени настани треба да се изготви план за обезбедување.

Појасни и дека обезбедувачите треба да имаат легитимација, која треба да ја носат со себе, како и соодветна униформа. Посочи и дека обезбедувањето може да биде и во цивил, но со јасно истакнати ознаки на агенцијата за која работи.

Рече и дека обезбедувачите можат да вршат легитимирање на влез и излез од објектот, да задржат лице кое фатено во извршување кривично дело што се гони по службена должност, а можат и да предупредат лице ако прави нешто што ја нарушува безбедноста на објектот.

Посочи и дека употребата на пиротехника претставува безбедносен ризик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведок на судењето за „Пулс“ од ДЗС објаснуваше кои документи се обврска за секој субјект што врши изградба, доградба, пренамена и реконструкција на објект

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести