Министерството за внатрешни работи информира дека се отворени пет ленти за влез и за излез на граничниот премин Богородица-Евзони кон Грција, поради гужва.
„Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки,“ велат од МВР.
Фото/Влада