Силниот ветер кој што вчера и денес дува со брзина од 60 км/ч предизвика штети во повеќе градови во државата, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во Скопје, како резултат на силниот ветер во скопската котлина, на шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
Преку Единствениот број за итни повици 112 пак е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Според информациите на ЦУК, нема повредени лица.
Фото: ЦУК













