Партијата ДПА нема да учествува на локалните избори, бидејќи според претседателот Мендух Тачи локалните избори се маскарада.
„Централното собрание одлучи дека Демократската партија на Албанците одбива да учествува во оваа политичка маскарада наречена избори и нема да имаме кандидати на овие избори“, објави Тачи кој пред неколку дена ги прекина односите со Али Ахмети и со Европскиот фронт
Тачи објаснува дека Ахмети свесно влегол како сојузник на двајца заколнати непријатели на ДПА, а Собранието на партијата заклучило дека соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна.
Фото/Игор Бансколиев