Нови цени на патарина во Грција: Колку ќе ве чини патувањето до Халкидики, Атина, Тасос…

Нови цени имаат патарините во соседна Грција, пренесуваат локалните медиуми. Истите се зголемени просечно за 20%.

На првата патарина по граничниот премин Евзони, цената на патарината е зголема за речиси 1 евра и сега изнесува 2,95 евра во еден правец.

На патарината кај обиколницата Солун цената за автомобили е 0,65 евра, а за мотоцикли 0,45 евра.

На патот од Евзони до Халкидики, омилената дестинација за летување на македонските граѓани, има две патарини ако ја користите обиколницата кај Солун.

Ако одите од Евзони до Халкидики преку центарот на Солун, ќе платите 2,95 евра на Евзони, а ако ја користите обиколницата ќе платите плус 0,65 евра.

На патарината од Солун до Аспровалта, ценатата на патарината е 1,40 евра.

Од Солун до Атина за патарина пак ќе ви требаат 33,25 евра, поради поголемиот број на наплатни рампи.

Од Евзони до Лефкада пак вкупната патарина е 17,10 евра, исто така поради поголемиот број на наплатни рампи.

Од Евзони до Тасос, поради повеќе наплатни рампи вкупната патарина е 8,55 евра, а од преминот Дојран до Тасос, 5,90 евра.

Од Евзони до Парга и Врахос има неколку наплатни рампи, а вкупната патарина е 13,25 евра.

Од Евзони до Крф вкупната патарина пак е 13,25 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемени цените на патарините во Србија

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести