Патот кон граничниот премин Јажинце е затворен поради голем пожар, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.
На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.
Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување.
Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција,“ велат од ЦУК.
Фото: Unsplash