Пекабеско АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил вкупна сеопфатна добивка од 190.797 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Лани истиот период таа била 140.235 илјади денари.
-Остварените вкупни консолидирани приходи од работењето во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 4.618 милиони денари и се повисоки во споредба со остварените во истиот период за 2024 година за 5%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги и се повисоки за 5% во споредба со остварените во 2024 година.
Остварените вкупни консолидирани расходи во периодот јануари-септември 2025 година изнесуваат 4.423 милиони денари и се повисоки за 5% во споредба со 2024 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Весна Кутревска се стекна со нови акции во Пекабеско













