Петар Јанков, кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Општина Струмица.
Тој уште во првиот круг на локалните избори го победи кандидатот на опзициската СДСМ, Марјан Даскаловски.
Според податоци на Државната изборна комисија, Јанков освои 55,98%, а Даскаловски, 36,15% од гласовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна бастионот на СДСМ – Струмица, нов градоначалник е Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ
За ВМРО-ДПМНЕ оваа е голем успех, имајќи го во предвид фактот дека Општината 20 години ја водеше СДСМ и истата преставуваше нејзин бастион.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Јанков
Роден е на 13. јануари 1976 година во Струмица.
Основното образование го завршил во ООУ „Сандо Масев“, а средното во СОУ „Јане Сандански“ во родниот град.
Своето високо образование го продолжил на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, на отсекот Царина и шпедиција, каде ги завршил додипломските студии и се стекнал со звање дипломиран менаџер по царина и шпедиција.
Во периодот од 2007 до 2018 година Јанков бил дел од Царинската управа, каде работел како виш цариник.
По напуштањето на јавната служба, од 2018 година својата кариера ја продолжува во приватниот сектор.

Јанков е оженет и е татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ во првиот круг има градоначалници во три општини
ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 32 градоначалници
Во кои 33 општини ќе има втор круг?
Фото: Фејсбук/Јанков