Петар Петров нов генерален конзул на Бугарија во Генералниот конзулат во Битола

Петар Петров е нов генерален конзул на Бугарија во Генералниот конзулат во Битола.

Тој доаѓа на местото на Николај Димитров, која како што објавија бугарските медиуми предвреме си заминуваа од оваа позиција, а причините за тоа не се познати.

Петров е актуелен заменик- амбасадор на Бугарија во Македонија. Во земјава е речиси пет години.

Тој е дипломат од кариера со долгогодишно искуство и експертиза во регионот на Западен Балкан, последователно извршувајќи разни позиции во Министерството за надворешни работи и бугарските дипломатски мисии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести