Петмина затруени од сендвичи со пилешки стек, во штипска сендвичарница

Вчера, по известување добиено од Центарот за јавно здравје Штип за можно прехранбено затрување во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) извршија итен инспекциски надзор кај субјектот кој ракува со храна.

„Според првичните сознанија, како што наведуваат од АХВ, петмина граѓани покажале знаци на прехранбено затрување откако конзумирале сендвичи со пилешки стек.

Земени се мостри за лабораториска анализа од спорната храна и земени се брисеви од работните простории. Сендвичарницата, по налог на инспекциските служби на АХВ, е привремено затворена сѐ до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината исправност,“ се вели во соопштението

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести