(Видео) Хитот на Ај Кју „Убава“ доби спот по една деценија од објавувањето

Песната „Убава“ со која Ај Кју победија на Скопскиот фестивал во 2015 година конечно доби спот.

Дуото одлучи оваа безвременска љубовна песна да ја круниса со видео запис составен од најубавите моменти од нивната свадба, која неодамна се оддржа на плажа во Грција, во хотелот Ал Маре.

Со текот на годините, „Убава“ на сосема природен и ненаметлив начин си го пронајде патот до публиката, станувајќи синоним за прв свадбен танц на многу вљубени парови. 

Видео записот е на Марио Блажевски од Студио Белмондо, кој успеа автентично да ја долови љубовната приказна што ја инспирираше оваа песна и по повеќе од десет години да ѝ подари визуелна димензија каква што заслужува.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести