На 23. јуни 2026 година во Ramstore Mall во Скопје беше отворена изложбата „Инклузивна уметност“, најголемата групна ликовна изложба на уметници со попреченост во Македонија.
Настанот се реализира во рамки на „Денови на инклузивна култура и уметност“, во организација на Abilitist и Рамстор Мол.
Изложбата претставува повеќе од 80 уметнички дела создадени од шест исклучителни уметници со попреченост, кои преку своите творби испраќаат силна порака за еднаквост, видливост и општествена инклузија.
Посетителите имаа можност да се запознаат со дела на фотограф со оштетен вид, уметница која слика користејќи ја својата уста, млад талент од аутистичниот спектар, графики од уметник со церебрална парализа, креативци од Здружението „Трисомија 21“ и академски сликар со последици од детска парализа (полио) чии дела ја слават креативноста, различноста и човековиот израз.










Настанот привлече бројни посетители, љубители на уметноста, претставници на институции, организации и компании кои ја поддржуваат инклузијата и еднаквите можности за сите.
„Во Ramstore Mall веруваме дека трговските центри треба да бидат повеќе од места за купување – тие треба да бидат простори каде се среќаваат луѓето, идеите и вредностите што го прават општеството подобро. Токму затоа со особено задоволство сме домаќини на изложбата „Денови на инклузивна култура и уметност“, која на посетителите им нуди можност да се запознаат со исклучителни уметници и нивните инспиративни животни приказни.
Оваа изложба нè потсетува дека талентот, креативноста и уметноста не познаваат бариери. Горди сме што преку оваа соработка придонесуваме за поголема видливост на лицата со попреченост и создаваме можност нивниот труд, посветеност и уметнички израз да бидат видени од илјадници посетители.
Ги покануваме сите да ја посетат изложбата, да ги запознаат уметниците, да се инспирираат од нивните дела и заедно да продолжиме да градиме поотворено, поприфатливо и поинклузивно општество“, истакнуваат од Ramstore Mall.
Изложбата „Инклузивна уметност“ претставува значаен придонес кон унапредувањето на инклузивната култура во земјата и потсетува дека уметноста има моќ да ги надмине предрасудите, да ги поврзе луѓето и да отвори нови перспективи за разбирање и прифаќање на различностите.
Abilitist и Ramstore Mall упатуваат благодарност до сите учесници, посетители и поддржувачи кои придонесоа оваа изложба да стане вистинска прослава на талентот, креативноста и човечкиот потенцијал.
ПР-објава














