МНР го повикалo бугарскиот амбасадор за протечениот дипломатски документ, бара објаснување и истрага

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска информираше дека вчера за протечениот дипломатски документ за патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија, од страна на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), бил повикан на разговор бугарскиот амбасадор во земјава, Жељазко Радуков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија објави дипломатска нота за престојот на семејството на Мицкоски во Пампорово, премиерот го информирал НАТО

Од него било побарано објаснување за тоа и темелна истрага од страна на Бугарија.

-Во текот на вчерашниот ден беше повикан амбасадорот на Бугарија во МНР, каде што го изразивме високиот степен на незадоволство и нарушувањето на односите преку еден ваков гест и побаравме објаснување и темелна истрага од страна на соседна Бугарија како е дојдено до ваква ситуација, рече тој.

Информираше и дека за случајот се известени и претставници на нашите стратешки партнери и НАТО, а посочи и дека ваквото постапување е неприфатливо според меѓународното право во односите меѓу две држави, независно од тоа дали меѓу нив постојат тензии, па дури и да војуваат.

Подвлече дека безбедноста е прв приоритет и затоа за Македонија е неприфатлив начинот на меѓусебно фукционирање кога станува збор за движења на членови на семејства на државни функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Очигледно е дека постои сериозна мрежа на страни на социјалните медиуми и портали кои се занимаваат не само со претставници на државата, туку сè повеќе и со нивните семејства, кажа Муцунски

-И на територијата на нашата држава постојано се случува да се движат членови на семејства на високи странски претставници, сами странски претставници, некогаш и во приватни цели, но никогаш не се случило таков документ да излезе во јавност, рече тој, нагласувајќи дека ако би се случило такво нешто првиот чекор што би го направил тој е да се извини на државата.

-И доколку би се случило такво нешто, првиот чекор што би го направил е јас да се извинам на таа држава, бидејќи очигледно немало доволно висок степен на безбедност во рамките на институцијата. Второ што за мене е загрижувачко е што излегуваат лични податоци поврзани со сопруга на претседател на оваа влада и со малолетно дете, рече тој меѓу друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Фејбук групата на која заврши дипломатски документ кој ја загрози безбедноста на семејството на Мицкоски

Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија

Портали поврзани со Бугарија водат засилена хибридна кампања против Македонија, вели заменик министерот Димитровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести