Добро е што конечно македонски функционер јавно на европска сцена кажа дека против Македонија, лица од Бугарија водат засилена хибридна кампања. И да продолжат да го прават тоа кај ќе стигнат.
Имено, во своето обраќање на Советот за европска демократија, во Луксембург, Луксембург, на настан организиран од кипарското Претседателство со Советот на Европската унија (ЕУ) и Европската комисија, македонскиот заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, отворено предупреди дека портали поврзани со Бугарија, водат хибридна кампања и шират дезинформации на социјалните мрежи со цел да се поткопи довербата во македонските институции, да се поткопе македонскиот идентитет и да се создаваат поделби во македонското општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Порталите, Фејсбук групите, поткастите, веќе добро им се познати на голем дел од македонските граѓани, а е познато и кој точно стои зад нив и кој ги финансира. И самите финансиери не се кријат. Неодамна изразија дури и незадоволство оти нивните „новинари“ не си ја вршат работат за која биле платени.
А е познато и за која трета страна работат, а можеби и за некој друг.
Нивниот број изминативе месеци драстично расте, а од авион се гледа која им е целта – пред се да го негираат македонскиот јазик и идентитет, да шират дезинформации за историски вистини, да промовираат без никакви аргументи „обесправени“ Бугари во Македонија, да ги подгрејат меѓуетнички тензии меѓу Македонците и Албанците…
За жал во нивната содржина нема да најдете информации кои ќе ги “стоплат“ нарушените македонско-бугарски односи.
Сите тие се кординираат од Бугарија, и објавуваат синхронизирано исти содржини, во кои не ретко се омаловажуваат македонскиот народ и македонските функционери.
И секако стратешки сите објавуваат содржини на македонски јазик за да граѓаните мислат дека се работи за македонски „медиуми“.
Дополнително нивни ботови ги разгоруваат коментарите под содржините, па под нив има и многу говор на омраза и од македонски и од бугарски читатели.
Тоа не добро ни за Македонија, ни за Бугарија, ни за ЕУ, ни па за НАТО.
Додека ЕУ не пропушта во секоја прилика да предупреди на т.н. српски свет во Македонија (а води преговори со Србија), на руско влијание (а има неколку членки кои отворено застапуваат руски интереси, а некои имаат дури и проруски партии), чудно е што досега нејзината администрација не ја приметила хибридната закана за Македонија од нејзина членка.
Не е некоја тешка работа. Еден “скрол“ низ Фејсбук веднаш на површина ќе ги извади сите овие “медиуми“ и веднаш ќе им стане јасно што всушност работат. Ако тоа не им успее, може да ги прашат македонските власти.
Чудно е и што и бугарските власти се уште не се заинтересирале сериозно за оваа, имајќи во предвид дека се фаќаат и за сламка кога нешто не им во интерес за случувања во Македонија или за нивната агенда.
Како наш партнер во НАТО, во интерес на Алијансата, ако не во интерес на Македонија, но и како „добар“ сосед како што се преставува, Бугарија може да го искомуницира проблемот со македонските власти и добрососетски да го решат. За доброто и напредокот на сите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев













