(Видео) Се гради најдолгиот мост на пругата кон Бугарија: Досега вкупната реализација на проектот е 40%

Досегашната реализација на пругата кон Бугарија, од Бељаковце кон Крива Паланка е 40%, а до крајот на годинава треба да се стигне до 50%.

Информацијата на Фејсбук ја соопшти директорот на МЖ „Инфраструктура“, Синиша Ивановски.

Делницата е долга 34 километри, а моментално се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри. Станува збор за еден од трите неизградени мостови од вкупно 29.

Како што информира Ивановски, парелелно се произведуваат бетонските елементи потребни за санација на 26. полуизградени мостови од 1990-тите.

Вкупно треба да се произведат 352 бетонски елементи, а до моментов се произведени 71, со динамика од 10 неделно.

Фото: МЖ „Инфраструктура“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести