Антимакедонска фондација најавува блокада на границите со Бугарија, тврди дека била кординирана со бугарското МВР

Антимакедонската фондација “Македонија“, чиј претседател, Виктор Стојанов, има доживотна забрана за влез во Македонија за во недела (21. јуни) најавува блокади на граничните премини со Бугарија.

Од таму тврдат дека блокадите кои ќе траеле два часа биле кординирани со бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР).

Причината е опожарувањето на двата автомобили на бугарската Амбасада, а обвинуваат и за наводен прогон на Бугарите во Македонија.

Најавуваат дека граничните премини Деве Баир, Делчево и Ново Село ќе биле блокирани од 11 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Портали поврзани со Бугарија водат засилена хибридна кампања против Македонија, вели заменик министерот Димитровски

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести