Молдавија, заедно со Украина, пред неколку денови официјално, по кластери, ги започна преговорите со Европската унија (ЕУ).
Дветте земји го отворија првиот кластер „основи“ што ги опфаќа реформите на правосудството, владеењето на правото, демократските институции, јавната администрација и економските критериуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Молдавија ги почнаа преговорите со ЕУ по кластери
Земјите се различни по многу работи, но една од заедничките работи им е што немаат целосна контрола над својата меѓународно призната територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иако не контролира 20% од територијата и е во војна, Украина ги почна преговорите со ЕУ
Отцепен проруски регион Придњестровје
Молдавија не контролира од 12 до 15% од својата меѓународно призната територија.
Просторот го опфаќа отцепениот проруски регион Придњестровје (Транснистрија), кој се наоѓа на источниот брег на реката Днестар.
Регионот функционира со де факто независност уште од воениот конфликт во 1992 година, а во него сè уште е стациониран руски воен контингент.
Регионот има свои институции и безбедносна структура, врзани за Русија.
Во земјата и денеска руското влијание е силно видливо преку партии и медиуми.
Проблеми со корупција
Како и Украина, земјата има сериозен проблем со корупцијата, лошата економија, институционалните проблеми и политичката поларизација.
Најголем предизвик за земјата ќе бидат реформите во судството и борбата со корупцијата и секако одбраната од хибридните напади од Русија и руското влијание.
Треба да се каже и дека земјата е енергетски зависна од Русија.
Кога и за колку време земјата ќе стане членка на ЕУ, никој неможе да предвиди, а моментално проценките се дека, ја чека долг пат.
Фото: Игор Бансколиев












