Украина е првата земја која во војна почнала формални преговори за членство во Европската унија (ЕУ).
Таа заедно со Молдавија вчера го отвори првиот од шетте кластери – „основи“ што ги опфаќа реформите на правосудството, владеењето на правото, демократските институции, јавната администрација и економските критериуми, а земјата доби кандидатски статус во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Молдавија ги почнаа преговорите со ЕУ по кластери
Нејзиниот случај е школски пример за тоа дека одлуките за проширување ЕУ најчесто не ги носи со исполнување на „реформи и критериуми“, кои до милиметар ги бара на пример од земјите на Западен Балкан (на кои и дополнително им „залепи“ и билатерални прашања), туку станува збор за класична политичка одлука, како што беше и со Бугарија и Романија, но и со дел од земјите од т.н. Вишеградска група.
Не контролира од 18 до 20% од својата територија
Дополнително Унгарија не контролира од 18 до 20% од својата територија, голем дел од инфраструктурата и е уништена, а економијата и е пред колапс.
Украина го изгуби регионот Крим, која е под целосна руска контрола од 2014 година, како и поголеми делови од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, кои ги окупира Русија по започнувањето на војната во февруари 2022 година.
Ќе влијае на билансот на силите во Унијата
Исто така земјата има население од дури 40 милиони жители и е најголема земја по површина во Европа, што по различни основи може да влијае на билансот на силите во Унијата, а на земјата секако ќе и требаат милијарди евра за реконструкција од војната за која не се знае кога ќе заврши.
Сериозен проблем корупцијата
Сериозен проблем е и корупцијата, која дополнително “расцвета“ во текот на војната кога беа откриени неколку големи корупциски скандали повразани со лица од власта.
Од друга страна пак во време кога сите се вооружуваат, искуството со војната може да и донесе придобивка, бидејќи научи како да војува модерно со беспилотни летала, (кои ги произведува и веќе ги продава на големо), а стана препознатлива и по користењето на вештачка интелегенција за војување.
Колку години ќе траат преговорите и кога земјата ќе стане членка на ЕУ, никој неможе да каже.
Фото: Унсплеш












