Очигледно е дека постои сериозна мрежа на страни на социјалните медиуми и портали кои се занимаваат не само со претставници на државата, туку сè повеќе и со нивните семејства, кажа Муцунски

На мрежата од портали и Фејсбук страни, поврзани со Бугарија, за кои неодамна предупреди заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска се осврна и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој рече дека е очигледно дека постои една сериозна мрежа на онлајн страници на социјалните медиуми, ботовски мрежи и портали кои се занимаваат не само со претставници на државата, туку сè повеќе и со нивните семејства.

Меѓу друго посочи и дека се забележува постојана опседнатост со семејството на премиерот Христијан Мицкоски, а потсети и на лажните вести дека неговиот дедо бил бугарски војник.

еМагазин неодамна пишуваше дека во македонскиот онлајн простор се појавија еден куп портали со домен мк, кои објавуваат содржини на македонски јазик (за да читателите во Македонија мислат дека станува збор за македонски медиуми), а со кои најчесто се негира постоењето на македонскиот народ, се омаловажуваат македонски функционери, се негира постоењето на македонскиот јазик, но се објавуваат и содржини кои имаат за цел да ги влошат односите помеѓу Македонците и етничките Албанци во Македонија.

Сите тие објавуваат иста содржина, што кажува дека таа е сихноризирана од едно место, а зад нив стојат лица од Бугарија, но и од Македонија.

Содржини кои ги зближуваат Македонците и Бугарите на нив неможе да се најдат, а дополнително очигледно е и дека користат ботови за коментарите под содржините, што пак дополнително продуцира говор на омраза и од македонски и од бугарски читатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Фејбук групата на која заврши дипломатски документ кој ја загрози безбедноста на семејството на Мицкоски

Ќе влезе ли во извештај на ЕУ и засилената хибридна кампања против Македонија од Бугарија

Портали поврзани со Бугарија водат засилена хибридна кампања против Македонија, вели заменик министерот Димитровски

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести