По пожарот во Трубарево, гасовите во воздухот ги надминале дозволените вредности-за тешките метали ќе се знае во петок

По пожарот во Ф-Групација во Трубарево, гасовите во воздухот ги надминале дозволените вредности, а за тешките метали ќе се знае во петок, информираше денеска директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска.

Зголемувањето на параметрите било од два до три пати од дозволеното, а јаглерод моноксидот чија просечна вредност не треба да надминува 10 mg/m3, била 300 mg/m3. Кога ќе се создадат услови, ќе се направи контрола на водата и почвата.

„Во петок ќе знаеме какви тешки метали се дигнаа над Скопје, а од гасовите има прелиминарни резултати кај кои има надминување на дозволените вредности. Поставени се мерни станици за да го следиме дневното ниво да се следи квалитетот на воздухот за да се знае колку се безбедни граѓаните во близина на пожарот,“ истакна Гиновска.

Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски информираше дека наредната недела треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, коишто вчера ги поставиле во скопско Трубарево.

Појасни дека се поставени два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет денови ќе земаат проби од честичките кои подоцна ќе бидат анализирани. Едната мерна станица се наоѓа на педесеттина метри, а втората е на стотина метра од складиштето за рециклирање на електронски отпад и пластика, на компанијата Ф-Групација во Трубарево, кое изгоре во саботата.

Директор на Управата за животна средина Игор Никоски информираше дека компанијата Ф-Групација имала дозвола која е издадена на 12 мај 2021 година со важност до 12 мај 2026 година.

„Има одобрен елаборат за животна средина од 19 февруари 2021 година согласно елаборатот на 7 мај 2021 година, стручни служби од Управата на лице место констатирале дека Ф-Групација може да започне со работа. Тоа се првични инфоирмации. Станува збор за отпад од електрична и електронска опрема, електрични батерии, акомулутари. Согласно дозволата, компанијата имала право да третира до 20 тони неопасен отпад и до 500 килограми опасен отпад во еден ден, односно за 24 часа,“ истакна Никоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, во Дрисла чади мал дел

Во текот на ноќта извршени 13 интервенции од Итна помош во Трубарево, едно лице транспортирано на Клиниката за токсикологија

Фото/ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести