Почина Кире Ѓорѓиевски кој беше осуден за тепањето на Зијадин Села во Собранието на 27. април

Во затворот во Штип почина Кире Ѓорѓиевски кој беше осуден за тепањето на пратеникот Зијадин Села во македонското Собранието на 27. април 2017 година.

Тој беше осуден на 13 години затвор.

Веста на социјалните мрежи ја објави Горан Ангелов – Ќосето.

Ѓорѓиевски беше доброволец и учесник во воениот конфликтот во 2001 година, кога и беше повреден.

Во февруари годинава, почина и Игор Југ, исто така осуден во истиот предмет.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести