Турски државјанин почина на Клинички откако со возило бил донесен со тешки повреди

Вчера во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со приватно возило непознато лице донело турски државјанин со тешки повреди. Лицето откако го оставило повредениот, си заминало.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, турскиот државјанин по неколку часа починал.

Станува збор за 61-годишниот М.А.О..

Телото на починатиот е предадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести