Започна увидот во избирачкиот список: Како да проверите дали Ве има

Од денеска започна увидот во Избирачкиот список. Истиот ќе трае до 11. септември.

Доколку Ве нема на истиот или е потребно бришење или дополнување на одредени податоци, може да се обратите писмено во подрачните одделенија или месните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), како и по електронска пошта.

Подрачните одделенија на ДИК, чиј список е објавен на веб-страницата на ДИК, работат секој ден од 8 до 20 часот (и за викенд и празници), а на 11. септември до полноќ.

Како да проверите онлајн дали Ве има на Избирачкиот список

Отворете ја официјалната страна на ДИК ОВДЕ.

Внесете ЕМБГ и безбедносен код, па кликнете „Барај“, по што ќе добиете потврда дали сте запишани.

Ако забележите неточност (погрешни податоци/непронајден запис), поднесете барање за запишување, дополнување или бришење на податоци – писмено во подрачно одделение/месна канцеларија на ДИК или по електронска пошта на [email protected]. Со барањето приложете соодветни докази.

За дополнителни информации и контакти проверете ја интернет страницата на ДИК и обратете се на службениот е-маил [email protected].

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести