Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР) до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во Полициската станица Тетово, информираа од таму.
Toj e осомничен за кривично дело „оддавање на службена тајна“.
„Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд.
Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино“, информираа од МВР.