УХМР за утре најавува пообилни врнежи од снег на повисоките и послаби на пониските места

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува облачно време со повремени локални врнежи од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести