Друштво за производство и промет Винарска Визба Попова Кула АД Демир Капија во првите девет месеци од годинава остварило добивка од 3.744 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза.
-Друштвото споредено со минатата година овој период има сличен финасиски резултат од своето работење, велат од таму.
Во овој период Друштвото има остварено вкупни оперативни приходи од 26.280 илјади денари и оперативни расходи од 21.284 илјади денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела Попова Кула во првата половина од годинава
Фото: Попова Кула
				
															


								







								


