Актуелниот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов е реизбран на функцијата, откако победи во првиот круг од локалните избори.
Тој како кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со 76,74% од гласовите го победи кандидатот на опозициската СДСМ, Павел Иванов, кој освои 17,14%.
еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.
Кој е Јорданов
Јорданов е роден на 21.07.1988 година во Ново Село, Штип.
Основно образование завршил во Штип, а средно училиште во СОУ „Љупчо Сантов” во Кочани.
Во 2010 година дипломирал на Економски факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, отсек Меѓународна економија.
Магистрирал на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ и се стекнал со звање магистер по менаџмент на човечки ресурси. Зборува англискиот јазик.
Работно искуство и политичка кариера
Во 2014 година се вработил во Управата за јавни приходи во Штип, најпрво како асистент за поврат, пребивање и насочување на данок, а подоцна како асистент за утврдување на данок на физички лица.
Бил претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, од 2012 до 2016 година, а потоа станал прв човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.
Бил член и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 2014 година.
Од 2013 година до 2020 година беше советник во Советот на Општина Штип.
Од 2020 година беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија.
На локалните избори во 2021 година во прв изборен круг за првпат е избран за градоначалник на Општина Штип.

Оженет е, и е татко на едно дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Тони Коњановски, старо-новиот градоначалник на Битола
Кој е Изет Меџити, новиот градоначалник на Чаир, кој ќе ја води Општината по четврти патж
Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица
Фото: Општина Штип/Јорданов/Фејсбук














